Во петокот (07 август) во салонот на ОНЕ во Градскиот Трговски Центар во Скопје се оддржа извлекувањето на добитници од летната ЏаБест промоција: #овалето , направено со пренос во живо преку Твитер со помош на мобилна апликација.
Сите припејд корисници на ОНЕ и ЏаБест кои беа дел од летните промоции низ Македонија, но и тие кои се приклучија преку ЏаБест Фејсбук апликацијата специјално креирана за забава и подарување на своите корисници и фанови ова лето, имаа шанса да освојат еден Sony Xperia Z3 или еден од двата Acer таблети. Честа да ги израдува ЏаБестерите и припадна на популарната тинејџ звезда Јана Бурчевска девојката која се наоѓа на тв рекламите и билбордите на ONE, со која и започна најдобрата припејд промоција на ЏаБест “100=400”.
Она што го издвојува ОНЕ и ЏаБест од другите компании во Македонија е нивниот однос кон своите корисници и фанови на социјалните медиуми кои дури и при вакви извлекувања секогаш внимаваат да се транспарентни и достапни за сите преку лајв стрим во живо на своите корпоративни You Tube канали.
Овојпат ЏаБест отиде и чекор понатаму при што обезбеди можност извлекувањето да се следи и на Twitter преку Periscope мобилната апликација и со тоа стана прв бренд во Македонија кој ја користи оваа модерна апликација за комуникација со своите корисници и уште еднаш ја покажа својата посветеност кон светските трендови во мобилната технологијата и грижата за корисници.