Светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, компанијата Socialbakers, седми пат по ред го доделува сертификатот за „социјално посветена“ компанија на ОНЕ.
Сертификатот се доделува за исклучителен перформанс на компанијата во делот „комуникација со корисници“ на Facebook фан страницата на ОНЕ (www.facebook.com/ONE.mk) за првиот квартал од 2015 година.
Во периодот од јануари до март годинава, ОНЕ во рекордно време одговорил на 94% од сите поставени прашања, коментари и објави на Facebook..
За прв пат, сертификатот за „социјално посветена“ компанија од Socialbakers ОНЕ го доби уште во 2012-та година како прва и едниствена компанија од Македонија која се здобила со признание за својата посветеност и работа на социјалните медиуми од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, Socialbakers.