Купувачите го исмеваа модниот бренд Зара поради чудниот начин на рекламирање облека преку Интернет.
“Речиси е невозможно да купувате преку веб-страницата на Зара сè додека не одите во продавница“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
Зошто?
Затоа што на страницата на добро познатиот моден ланец, моделите носат јакни и сакоа на градите, тие се целосно превртени, така што купувачите не можат да проценат апсолутно ништо за производот што сакаат да го купат – ниту неговата големина, како изгледа кога правилно ќе се облече и која е вистинската должина.
“Модата навистина стана повеќе од чудна“, се вели во друг коментар.
Сепак, како резултат на исмевањето, сликите од новите колекции станаа вистински хит на страницата, па луѓето почнаа да ја избираат својата омилена „искривена“ поза на моделите и новите парчиња на Зара.
This is the exact reason why shopping online at Zara is impossible pic.twitter.com/7UNeiJwYgp
— 🖤 Missy 🖤 (@melissaar_) December 17, 2018