Консултантската куќа Еуро Консалтинг од Осиек организира онлајн работилница – вебинар од областа на ЕУ фондовите под назив „ЕУ фондови: Можности и предизвици за Македонија“.
Вебинарот / онлајн работилницата се одржува преку платформата Зум во виртуелна училница во петок 11.12. 2020 година во два понудени термини: 09: 00-12:00 часот или 17:00 – 20:00 часот.
Вебинарот / онлајн работилницата е наменета за граѓани, консултанти кои ќе работат на подготовка на проекти, невладини организации, мали и средни претпријатија, семејни земјоделски стопанства, тела на јавната администрација и училишта и факултети.
После вебинарот/онлајн работилницата, учесниците ќе стекнат основни вештини за подготовка и имплементација на проекти финансирани од фондовите на ЕУ и ќе ги добијат сите потребни информации за тековните конкурси за Македонија.
Цената на вебинарот/ онлајн работилницата изнесува 35 ЕУР по лице за рано пријавување.
Пријавите може да се испраќаат преку e-mail на info@eurhoconsulting.hr
За повеќе информации можете да се обратите на телефонскиот број + 385 987 98 668 или преку и-мејл на info@eurhoconsulting.hr
(комерцијален текст)