Иако генералната конзумација на домашните интернет медиуми во периодот Март 2020 до Мај 2020, според нашите анализи, е зголемена за некои просечни 25-30% во однос на истиот период лани и речиси сите веб портали забележуваат рекордни бројки на посетеност, се чини дека интересот за темата Коронавирус почнува да опаѓа.
Ако се осврнеме на пребарувањата на зборови преку најпопуларниот пребарувач на светот – Google, како што се: Корона, Коронавирус, Ковид, Ковид 19 и сл., резултатите упатуваат на намалување на интересот за темата.
Заради споредливост, прегледот го направивме засебно за термините напишани на кирилица или латиници, а периодот за кој се анализира обемот е од 01.01.2020 до денеска 18.05.2020
- Кирилица
2. Латиница
Три најзначајни пикови кога терминот “Корона” најмногу се пребарувал се: 26 фебруари, 10-ти март и 20 март, додека пак за терминот “Coronavirus” тоа се: 14, 17 и 22 март. Забележително намалување за интересот за пребарување на овој термин има после 4-ти април, а последнен датум на кој е забележат позначителен пик е 26 април, за кога можеме да кажеме дека започнал трендот на намалување на интересот.
Министерството за Здравство и Министерот Венко Филипче исто така беа исклучително високо пребарувани термини на Google, во период Март-Април 2020, што може да се види и од прегледот на пребарувања направен за период од една година наназад (18.05.2019 – 18.05.2020).