Откако стана дел од групацијата PSA, Опел активно се обидува да го промени својот имиџ
Опел сега има пристап до нови технологии и платформи кои претходно не и беа достапни на компанијата во рамките на General Motors, така што германскиот бренд сака да донесе електрификација и да привлече нови и помлади клиенти. Направен е нов чекор во презентирање на подобрениот идентитет на брендот.
Германската компанија претстави ново „пософистицирано лого“ кое е слично на претходната верзија, но кое појасно ја сигнализира „иновативната сила на брендот“. Се одликува со потенки линии и нова посветло жолта боја на компанијата, како и нов Opel Next фонт текст. Овие три карактеристики создаваат „уште помодерен и похрабар“ имиџ на брендот.
„Полни сме со самодоверба, млад ум и инклузивност. Во оваа нова ера, Опел наоѓа инспирација од прогресивната модерна германска култура и комбинира храброст, чистота и современост. Ова е израз на нашиот нов идентитет на брендот и апсолутно ја претставува нашата возбудлива нова понуда на производи“, рече Хавиер Дукемин, директор за продажба и маркетинг во Опел.