Компанијата за развој на вештачката интелигенција OpenAI најави воведување на нов претплатнички план наречен ChatGPT Team, кој ќе биде приспособен да одговори на динамичните потреби на современите организации со уникатен сет на продуктивни карактеристики на вештачка интелигенција и колаборативен работен простор.
ChatGPT Team е позициониран како прифатлив комплет на алатки за мали и средни бизниси кои сакаат да ја применуваат најновата генеративна вештачка интелигенција, по цена од 25 американски долари месечно по член на тимот доколку се плаќа за цела година, односно 30 долари за поединечна месечна наплата. Претплатниците ќе добијат пристап до нивните GPT модели, вклучително и GPT-4 со Vision и прелистување.
Замислена како повќенаменска платформа за продуктивност, ChatGPT Team ќе помага во задачи кои се движат од визуелизација на податоци и автоматизација на еелектронска пошта, до помош во кодирање – ефикасно служејќи како асистент со вештачка интелигенција за секој член на тимот.
Притоа, ChatGPT Team им овозможува на тимовите да го прилагодат своето искуство со вештачка интелигенција. Малите и средните бизниси можат да ја приспособат вештачката интелигенција на нивните специфични потреби, било да е тоа за управување со проекти, генерирање код, анализа на податоци или изработка на брендирана содржина – без потреба од претходно искуство во програмирање. Овој персонализиран пристап е дополнително зајакнат со неодамнешното лансирање на GPT Store, нудејќи избор на популарни и корисни GPT алатки директно во работниот простор.
Од компанијата нагласуваат дека податоците внесени во овие безбедни алатки нема да се користат за обука за вештачка интелигенција, со што се обезбедува доверливост.
Корисниците на ChatGPT Team исто така ќе имаат ран пристап до нови функции и подобрувања, заедно со повисоки граници за употреба на алатки како DALL-E и GPT-4, како и продолжен контекстен прозорец од 32k за GPT-4 за посеопфатни интеракции со четботот. Пакетот доаѓа во комплет со административна конзола за ефикасно управување со работниот простор и тимот, што обезбедува непречено работење и ефективен надзор.
Овој претплатнички план е всушност поедноставена верзија на планот ChatGPT Enterprise наменет за големите компании и индустриските гиганти, само што овој пат е поевтин и попристапен.