Италијанскиот бренд на премиум пенливо вино La Marca Prosecco го објави новото продолжение на кампањата “Optimism is a Mindset” („Оптимизмот е начин на размислување“).
Живописната реклама следи една млада жена низ улиците на сончевата Сиракуза во Сицилија, додека древниот приморски град околу неа се претвора во слики на насмеани лица, охрабрувачки поговорки и диско-топки, пеејќи со шумлива радост на штотуку отворено шише пенливо вино.
Покрај нејзините естетски квалитети, рекламата користи и импресивни визуелни ефекти – вклучувајќи го самото-од-себе полнење на чаши со пенливо вино и магичната промена на позадински сцени.
Спотот е проследен со стариот хит “Nessuno” од Мина Мазини, објавен во далечната 1942 година. Впрочем, според режисерите на рекламата, Марко и Џовани, кампањата била инспирирана од старите италијански филмови на студиото Cinettá, како “La Dolce Vita” (1960) и “Cleopatra” (1963).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Ogilvy и продукциското студио Joinery.