Посетителите на фестивалот ќе уживаат во фантастичните содржини со висока резолуција и извонредната удобност на најновите сали
Седмиот по ред фестивал Денови на комуникации почнува денес, а управата на HURA (Хрватско здружение за деловни комуникации) минатата ноќ ги спроведе последните проверки пред фестивалот.
Давор Брукета, Дуња Ивана Балон, Марио Фрачуљ, Андреа Штимац, Даниел Акерман и Божидар Абрамовиќ пробаа да ги следат предавањата од најновите фестивалски сали за стриминг на предавањата.
Со цел да се осигураат дека квалитетот на сликата и звукот е на највисоко ниво и дека сè е подготвено за посетителите, тие одлучија самите да ја испробаат функционалноста што ја нуди салата на базенот. Дефинитивно не останаа разочарани – најквалитетната содржина е подготвена за посетителите на фестивалот, чие доаѓање со нетрпение се исчекува.
Совет за сите оние кои доаѓаат – земете си костими за капење доколку не сакате да ги пропуштите предавањата на најпривлечната локација – базенот, од каде што можете да ги следите предавањата на прилично неконвенционален начин.
Планирајте ја вашата посета во базенот на време, затоа што резервации не се можни. Принципот е: прв дојден – прв услужен, а влезот е отворен за сите учесници на фестивалот.
Релевантноста на фестивалот е доволно докажана со фактот дека во Ровињ ќе престојуваат 16 водечки светски експерти од комуникациската индустрија, предавачи чие искуство и функции зборуваат за сами за себе.
Меѓу нив, особено се истакнува Сер Мартин Сорел, кој според реномираниот The New Yorker е најголемата ѕвезда во светот на деловните комуникации; Мет Биспел, добитник на 88 Кански лавови и експерт кој во улога на глобален маркетинг директор на Мекдоналдс две години по ред му ја донесе титулата на најефикасен бренд во светот; Али Али, еден од топ 10 режисери во светот според Gunn Report; Џифеи Чаи, архитект за иновации во UNIT9 и многу други.
За повеќе информации за фестивалот Денови на комуникации, посетете ја официјалната веб страница на фестивалот www.danikomunikacija.com.