Home » Во фокусот » Оригинална идеја на Репортери без граници: Ги променија билбодрите на Google Street View со цитати на новинари кои биле замолчени или ликвидирани

Оригинална идеја на Репортери без граници: Ги променија билбодрите на Google Street View со цитати на новинари кои биле замолчени или ликвидирани

Шведскиот огранок на оваа организација “постави” билборди со цитати на новинарите во земјите чии лидери сакаа да го замолчат нивниот глас

Шведскиот огранок на организацијата Репортери без граници ја искористи платформата Google Street View на многу оригинален начин, менувајќи ги билбордите во сликите на оваа платформа со цитати кои ги критикуваат светските лидери во земјите на кои се однесуваат сликите, а кои истите тие моќници сакале да ги замолчат.

Во акцијата која ја нарекле “Billboards beyond Borders“, билбордите во некои случаи содржат коментари од новинари кои се соочиле со притисоци од владејачките структури заради нивните мислења, а заради кои некои од нив се дури и ликвидирани. Овие цитати кои моќниците сакале да бидат избришани од колективната свест беа дигитално ставени на билбордите на фотографиите од земјите од кои доаѓаат.

Треба да се напомене дека оваа акција е во спротивност со политиката на Google, во која се вели: “Придонесите треба да бидат базирани на реални искуства и информации. Намерно невистинита содржина, копирани или украдени фотографии, критика надвор од темата, клевета, лични напади и непотребни или неточни содржини, претставуваат кршење на нашите правила. “

Ова значи дека тие нема да останат долго на платформата, но сепак ја постигнаа  својата примарна мисија на подигнување на свеста.

“Сакаме да го привлечеме вниманието на новинарите кои биле замолчени и сакаме повторно да ги објавиме нивните пораки”, вели Џонатан Линдквист, претседател на Репортери без граници во Шведска. “Ниеден режим не треба да остане неказнет за заканите, цензурате и апсењето на новинарите. Пораките се вратија таму каде што припаѓаат: во големи букви на јавни места, во центарот на државите во кои владата ги цензурала. Слободата на медиумите и слободата на говорот не смеат да бидат ограничени. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365