На осмата Creative Express работилница што се одржа во Рига, организирана од Клубот на уметнички директори на Европа (Art Directors Club of Europe – ADCE) и Летонскиот клуб за уметнички директори (Latvian Art Directors Club – LADC), дводневната едукативна програма собра 32 млади креативци од 16 европски земји, избрани од страна на локални здруженија со цел тимско соочување со вистински деловни предизвици во реалниот свет.
Една од наградуваните сениори на креативната индустрија која ги менторира младите во рамките на оваа едукативна програма е Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор во агенцијата McCann Белград. Со цел да се пренесат сите важни пораки од креативните работилници, таа разговараше со Mercè Segú, извршнен директор на ADCE, Annija Mežgaile, директор на LADC и Hans Peter Albrecht, креативен партнер во Wunderwaffe и директор на Creative Express.
ADCE е еден од најзначајните брендови во рекламната индустрија, па Јана сакаше да открие што претставува ADCE денес.
„ADCE силно верува во силата на поврзаната европска диверзифицирана креативна заедница која, преку креативноста, може да реши многу различни комплексни проблеми. Тоа е платформа каде европските креативци се здружуваат да ја негуваат, истражуваат, слават и промовираат креативноста како мултидимензионално решение. Покрај тоа, ова го правиме преку едукација, споделување на знаење и промовирање на извонредност во креативноста “, изјави Mercè.
Creative Express е само една од помалите ADCE програми која им дава можност на искусните постари креативци поблиску да соработуваат со младите. „ Creative Express е проект со многу придобивки одеднаш – за млади креативци, за вработени членови на здруженијата, (малку) за креативната индустрија и за фантастичната идеја за Европа. Младите учесници имаат корист од работењето со врвни креативни ментори на вистински бриф за клиенти. Тие работат со други креативци кои ги запознале пред само една минута, на странски јазик во инспиративна околина. Младите таленти имаат можност да градат своја европска / меѓународна мрежа, длабоко да ја доживеат идејата за Европа и да се надеваме, да ја шират. Придобивките за другите се очигледни. Младите таленти кои се истакнуваат се подготвуваат и тренираат за работа во агенциите, компаниите, индустријата. Creative Express ја оживува идејата за Европа “, објасни Ханс Петар, додавајќи: Времињата се сменија. Класичниот адвертајзинг го загуби статусот на Mad Man. Дали е тоа лошо? Не. Младите веќе имаат и развиваат нови, алтернативни начини за остварување на сонот за креативен живот. Да бидат платени за луди идеи. Покрај тоа, во Европа постои непресушен извор на млади таленти без граници. Убаво е да се види како „помладите“ поборници на идејата за Европа помагаат да гори креативниот оган. Би сакал да ви дадам совет – искористете го Creative Express за споделување, разговор, учење и развој “.
Покрај различните едукативни активности, ADCE е домаќин и на ADCE наградите и на Фестивалот ADCE. „ADCE awards е единствено натпреварување затоа што само локалните победници со европски национални награди се натпреваруваат едни со други. Се оценуваат од страна на избрано меѓународно жири кое ги оценува најдобрите дела во Европа во период од една година. Наградите ADCE имаат за цел да ги истакнат најдобрите домашни проекти во изобилството на европската сцена, преку промовирање на извонредноста во европската креативност. Овие награди претставуваат највисок репер за креативната извонредност во Европа“, рече Mercè.
„ADCE Фестивал е место каде креативната заедница се состанува еднаш годишно за да се инспирира, да научи и да разменуи искуства на одредена тема. Оваа година, ќе им оддадеме почит на луѓето кои преку креативноста денес веќе работат на подобар свет, занимавајќи се со прашања како што се одржливост, диверзитет и интеграција. Во текот на два дена во Барселона (8 и 9 ноември), ќе бидат организирани разговори, работилници, инсталации и простор за вмрежување, а на крајот на фестивалот ќе бидат прогласении ADCE наградите“.
Како еден од организаторите на едукативните сесии на Creative Express, LADC претставува платформа на која локалните таленти се среќаваат и разменуваат искуства. „LADC е простор каде креативците можат да споделуваат знаења и што е уште поважно, да бидат поврзани“, вели Annija. LADC има неколку важни проекти – едниот од нив е Школата за адвертајзинг – не само што учесниците брзо се запознаваат со волшебството на креирање реклами, туку претставува и совршено место за откривање таленти, бидејќи сите предавачи се клучни луѓе во индустријата.
Другиот е локалниот адвертајзинг фестивал “Adwards”. „Веќе 13 години, имаме фантастично меѓународно и локално жири. Да се добие Гран-при или да биде номиниран за Агенција на годината е голема чест и гордост. Семинарите и предавањата се важна задача и за LADC – со помош на нашиот проактивен одбор во Рига донесовме некои ѕвезди како Сер Џон Хегарти, Стефан Сагмеистер, Чак Портер, Кит Рајнхард, Дејв Трот и многу други “, додава таа.
Како заклучок, испитаниците се согласија за тоа што е задолжителна ставка за секое локално ADCE здружение, а тоа се членовите, најдобрите таленти во земјата, различни креативци од дизајнери до фотографи, или експерти од областа на звукот и филмот. ADCE клубот ја одржува индустријата заедно – така состаноците и забавите се исто толку важни како и образованието и инспирацијата.