Десет маркетинг агенции од Македонија, деновиве и официјално се здружија и го основаа Здружението “Македонска асоцијација на рекламни агенции-Скопје“ (МАРА Скопје) .
Здружение има за цел да ја јакне улогата на рекламните агенции, агенциите за истражување и агенциите за односи со јавноста во рамките на индустријата на рекламирање.
Според усвоениот статут, некои од главните цели на асоцијацијата ќе бидат и:
– да ги штити интересите на рекламните агенции во однос спрема медиумите, рекламодателите;
-да ги утврдува правилата на игра при учество на тендери;
– да ги застапува интересите на агенциите пред други собири, здруженија и други форми на организирање;
– да учествува со свои претставници во работата на Здружениот комитет на индустријата на рекламирање кој треба да се формира во 2015 година и во кој ќе влезат претставници од медиумите, рекламните агенции и рекламодатели.
Основачи на новото здружение се:
Друштво за производство, трговија и услуги МЕДИА И АДВЕРТАЈЗИНГ ДООЕЛ Скопје
Друштво за маркетинг и пропаганда ЛОУ СВИНГ ДООЕЛ Скопје
Друштво за маркетинг и пропаганда ТДМ КОМУНИКАЦИИ ДООЕЛ Скопје
Друштво за продукција маркетинг трговија и услуги РЕПУБЛИКА ДООЕЛ Скопје
Друштво за продукција на ТВ програма МЕДИА КОМ ДООЕЛ Скопје
Друштво за глобални комуникации ГРЕЈ – ВОРЛДВАЈД ЛТД ДООЕЛ Скопје
Друштво за медиумско преставување, реклама и пропаганда ОПТИМУМ МЈУЗИК МЕДИА ДООЕЛ Скопје
Друштво за истражување на јавно мислење и консалтинг ГАУСС ПОЛЛ дооел Скопје
Друштво за медиа планирање,медиа закуп и медиа мониторинг МЕДИА ПЛАН ДООЕЛ Скопје
Друштво за маркетинг и пропаганда ФОУР ЕЛЕМЕНТС ДООЕЛ Скопје
Овластено лице и прв Претседател на МАРА Скопје, според објавата во Централниот регистар е Зоран Ристовски од Скопје, првиот човек на агенцијата “Греј“ во Македонија.