Вкупно седум агенции од SEEnthesis мрежата ќе овозможат интегрирана услуга за управување со комуникациите на брзорастечкиот пазар на Југоисточна Европа.
Неодамна беше претставена новата регионална агенциска мрежа – SEEnthesis која вклучува 7 независни агенции од регионот на Југоисточна Европа.
Во мрежата учествуваат агенции од Бугарија, Романија, Македонија, Грција, Хрватска, Србија и Албанија кои на брендовите ќе им овозможат интегрирана услуга за управување со комуникациите на пазарот со преку 52 милиони потрошувачи.
Во склоп на мрежата, преку размена на искуства, знаења и компетенции на стручњаци за управување со комуникациите ќе може да се добие full service поддршка, оптимизирање на ресурси, логистика и трошоци, како и експертиза на локални експерти во осмислување на проектите и кампањите.
Член во мрежата од Македонија е агенцијата New Moment од Скопје.
Дел од SEEnthesis е и хрватската агенција Комуникациска лабараторија, а CEO-то Мануела Шола по овој повод изјави:
“Со придружувањето во SEEnthesis мрежата сакаме да им овозможиме на нашите клиенти кои планираат проширување во SEE регионот соработка со партнерски агенции со кои делиме заеднички вредности за клиентите“
ПРВ ОНЛАЈН ФОРУМ
SEEnthesis na 12 мај од 15 до 17 часот ја организира и својата прва онлајн дискусија преку платформата Zoom, на која ќе може да се пристапи преку следниов линк: https://us02web.zoom.us/j/81951387591 .
На онлајн форумот водечките луѓе од агенциите кои се дел од мрежата ќе ја престават новооснованата мрежа, нејзините цели и актуелната состојба на пазарите на кои овие агенции делуваат.
Повеќе информации за SEEnthesis мрежата можат да се видат на www.seenthesis.com