Иван Станковиќ, сопственикот на маркетинг агенцијата Комунис од Србија деновиве во Словенија ја промовираше својата книга “Основи на Какодалогијата“.
На промоцијата коjа ја организираа нашите пријатели од Маркетинг Магазин на чело со главниот уредник Марјан Новак, присуствуваа бројни видни личности од огласувачката индустрија во Словенија.
Иван Станковиќ претставува една од најмаркантните личности во маркетинг индустријата во целиот регион каде е присутен од далечната 1979 година.
Во 1990 година, заедно со Драган Сакан во Србија ја основаа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа Saatchi&Saatchi која во годините што следеа се прошири на територијата на цела поранешна Југославија, отварајќи канцеларии во Словенија, Хрватска, Македонија, БиХ, Бугарија и Албанија. За него се врзуваат проектите за воведување на многу познати производи како што се Марс, Проктер&Гембел, Кока-Кола, Џонсон&Џонсон, Вригли итн..
Во текот на 2002 година, Иван Станковиќ ја основа својата комуникациска група која во себе ја има маркетинг агенцијата Комунис, медиската агенција Media S и продукциската агенција Yellow production. Од 2010 неговата групација склучува договор со DDB – една од најголемите светски комуникациски групации и оттогаш агенцијата работи како “Комунис ДДБ“
Истата книга пред околу еден месец беше промовирана и во Македонија, а издавачи се “Публишер“ дооел Скопје.
Погледнете како изгледаше атмосферата на промоцијата во Словенија: