Лажната инстаграм инфлуенсерка до сега собра дури 17 лавови
После пет денови натпреварување, кампањата „Like My Addiction (Louise Delage)“ која за организацијата Addict Aide ја направи агенцијата BETC Париз, е една од најзначајните кампањи на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions.
Оваа кампања е базирана на лажен Инстаграм профил кој за кратко време собра многу следачи, а која на крај изненади со моќна порака за тоа колку е тешко да се забележи зависноста кај вашите најдраги, до сега заработи 17 лавови (5 златни, 7 сребрени и 5 бронзени ) во пет различни категории: PR, Promo & Activation, Cyber, Direct и Mobile.
Севкупно најуспешни кампањи во Кан до вчера беа #MeetGraham (22 лавови), #LouiseDelage (17 лавови) и #Fearless Girl (13 лавови).
Ова се чини дека го открива првиот тренд помеѓу добитниците на наградите во 2017 година, каде што брендовите и организациите создаваат измислени ликови со цел да испратат порака и иницираат движења.