Како одговор на вонредната глобална ситуација, фестивалот Golden Drum го откажува овогодинешното издание. Следното издание е закажано за октомври 2021 година
Тешката одлука е донесена поради недостаток на гаранција од словенечката влада дека ќе биде дозволено организирање на масовни настани до октомври, а уште поважно, земена е во предвид безбедноста на пријателите на фестивалот, партнерите и клиентите. Врз основа на овие фактори и повратните информации од партнерите, организаторите сметаат дека одложувањето на фестивалот до 2021 година е во најдобар интерес на сите учесници.
Golden Drum е еден од најдобрите креативни фестивали во светот. Бидејќи вниманието и приоритетите, како на општествата така и на компаниите на глобално ниво, сега се насочени кон некои други работи, a нашата индустрија е насочена кон заштита на своите компании, вработени и клиенти, времето ослободено со одложување на фестивалот се чини како вистинска работа. Во меѓувреме, многу работи може да се научат и иновираат.
Мојца Бришчик, претседател на фестивалот, во оваа изјави: „Со текот на годините, фестивалот надмина многу предизвици, големи и мали, но ниту еден од нив не беше како оној со кој се соочуваме денес. Бевме затечени од пандемијата и нејзиното влијание врз животот, но таа нуди и драгоцена шанса за редефинирање на нашата индустрија. Можеби е време да ги промениме нашите перспективи и да ги откриеме основните вредности што некако ги изгубивме патем. Како што во основа покажува времето на промени, сè се однесува на луѓето. Без нив нема кампањи, нема награди. Секако, луѓето од нашата индустрија се оние кои го заслужуваат нашaта најдлабока почит“.
Во текот на годините, на фестивалот се собраа повеќе од 32.000 професионалци од над 40 земји низ целиот свет и преку 44000 пријавени кампањи за натпреварувачкиот дел од фестивалот кои се натпреваруваа за престижните награди Golden Drum. Во својата долгогодишна традиција, фестивалот никогаш не беше одложен, па потегот да се откаже ова издание не беше преземен лесно.
Организаторите на фестивалот Golden Drum со нетрпение го очекуваат новото издание во 2021 година, кога фестивалот го префрла фокусот на младите професионалци, притоа воведувајќи нови формати и промени во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Тие им се заблагодарат на сите за нивната поддршка и разбирањето по ова прашање и додаваат: Чувајте се и се гледаме наскоро!“