Второто издание на натпреварот на NEM за пишување на телевизиско сценарио понуди одлични нови и возбудливи ТВ проекти! За победник на овогодишното издание беше избран проектот “The Truth and Other Blindspots“ на турските креатори Јешим Озсој, Мелиса Онел, Мелиса Аннери и Улуч Кечик.
Изборот беше направен во конкурнција на шестте најдобро рангирани пријави до NEM, и тоа: психолошкиот трилер “The Truth and Other Blindspots“, научнофантастичната серија “The Splitting“, драма-комедијата “Marketing Girls”, спекулативната фантастика “Tomorrow never comes“, драма-комедијата “The Odds“ и драма-комедијата “Your Man Tony“.
Финалистите беа оценувани од страна на HRT, RTL Hrvatska, Beta Film, HBO Europe, Nova TV, RAI, CineLink Industry Days, ZigZag Productions, Torino Film Lab, Seven Seas Films, Black Night Film Festival, Joyrider, ZDF Enterprises, Screenwriter School и MIDPOINT Institute. Членовите на жирито ги оценуваат предложените проекти според квалитетот на идејата, начинот на пишување и планот за нивна монетизација.
За победникот
Победничкиот проект “The Truth and Other Blindspots“ е психолошка трилер серија со водечки женски улоги во која се истражуваат границите и согласноста во сексуалните односи. Нерешените трауми на една успешна деловна жена по име Пелин (во 40-те години од животот) и интровертната службеничка за надзор Магда (во 30-те години од животот) се судруваат по исчезнувањето на млад машки ескорт. Серијата има за цел да ги постави прашањата: ако се согласите на насилство, дали тоа е сепак насилство? Дали оставањето на друга личност да умре те прави убиец? Дали фактите секогаш водат до вистината?
За шестте најдобро рангирани финалисти на NEM
Меѓу овогодишните финалисти се наоѓаат и некои од минатогодишните натпреварувачи. Една од нив е Дарија Стилин од Хрватска, минатогодишната победничка која оваа година пријави уште еден одличен проект – научнофантастичната телевизиска серија “The Splitting“. Уште еден одличен проект доаѓа од авторката и писателка Агне Шерпитуте од Литванија, која беше финалист и на минатото издание. Оваа година, таа аплицираше со драма-комедијата “Marketing Girls“, на која работеше заедно со писателката Луиса Трауман од Германија.
Уште два проекти доаѓаат од хрватски автори – телевизиската серија “Tomorrow never comes” на авторот Вено Мушиновиќ, опишана како паранормална драма, и драма-комедијата “The Odds” од сценаристот Матеј Судариќ.
Сите проекти можат да се прегледаат на официјалниот веб-сајт на NEM.
Награда од 3.000 евра за победничкиот тим
Победничкиот тим е добитник на парична награда од 3.000 евра и ќе го прескокне процесот на пред-селекција за работилницата CineLink Drama во Сараево за време на CineLink Industry Days.
Шестте финалисти на ќе имаат можност да учествуваат на настанот NEM Dubrovnik 2021, каде ќе ја имаат можноста да остварат состаноци со потенцијални партнери, купувачи и/или инвеститори од индустријата.
Следното издание на NEM Dubrovnik ќе се одржи од 7 до 10 јуни 2021 со програма под отворено небо во прекрасниот хотел Dubrovnik Palace со пет ѕвезди.
Сите информации поврзани со претстојниот настан можат да се најдат на следниот линк.