На најголемата регионална конференција на медиски трендови, SEMPL, Viktor Kroitoru, CEE Regional New Business and Strategy Director на агенцијата UM Романија/ IPG Mediabrands, ни откри како се менувала улогата на медиската агенција во склад со промените во индустријата на комуникациите, следејќи го развојот на технологијата и трендовите во огласувањето.
UM Романија/ IPG Mediabrands, членка на меѓународната UM мрежа, е една од најнаградуваните медиски агенции која може да се пофали со наградата за Европска медиска агенција на годината на фестивалотEurobest, Агенција на годината на FOMG, но и со Кански лавови и бројни Effie и Golden Drum награди која ги освојува веќе неколку години со ред. На презентацијата со која фестивалот SEMPL беше воедно и затворен се зборуваше за трансформација на односите со клиентите и медиумите и советите за успешно совладување на новата средина.
Viktor Kroitoru (Victor Croitoru) е дел од поширокиот тим задолжен за толкување на податоците за потрошувачите и брендовите со цел создавање на што проникливи insight-и. Неговата способност активностите јасно да ги поврзе со уверливи идеи и тие идеи да ги преведе во интегрирани комуникациски планови, со широко разбирање на технологијата и трендовите во огласувањето, значајно допринело за раст на агенцијата, позиционирање на пазарите во регионот и освојување на многу престижни награди на интернационалните фестивали.