Агенциите и огласувачите веќе можат да ги пријават своите кампањи за десеттото издание на наградниот кокурс за ефективност во маркетиншките комуникации Effie Бугарија, кој традиционално го организира Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА).
Оваа година за прв пат настанот Effie Бугарија нема да се оддржи на пролет, туку во ноември, после смената на термините со вториот голем натпревар во бугарската адвертајзинг индустрија – фестивалот ФАРА, кој ја наградува креативната работа на агенциите. Така, учесниците во Effie Бугарија ќе можат да ги пријавуваат своите кампањи реализирани во период од скоро две години – од 1 јануари 2016 до 30 септември 2017 година. Друга промена воведена со овогодишното издание ќе бидат трите рокови за пријавување на кампањи – 6, 16 и 24 Октомври на веб сајтот на натпреварот. Разликата меѓу нив е во партиципацијата која ја плаќаат кандидатите – колку порано се пријават учесниците, толку помала партиципација ќе плаќаат.
“Од минатогодишното издание на натпреварот сме посветени и на поактивна комуникација на Effie Бугарија, која, покрај споделувањето на детални информации за учеството на веб сајтот на натпреварот и претставувањето на добри примери од индустријата оваа година, ќе вклучува и бесплатен семинар на кој агенциите и огласувачите ќе можат да добијат практични совети како да ги напишат и претстават своите пријави за конкурсот,” изјави Мариана Брашнарова, извршен директор на БАКА. На комуникацијата на десеттото издание на Effie Бугарија работи адвертајзинг агенцијата Noble Graphics.
Традиционално, кампањите ќе можат да бидат пријавени за учество во пет категории: “Производи”, “Услуги”, “Промоции”, “Корпоративни комуникации” и “Социјална, медиумска, политичка кампања”. Победниците ќе бидат прогласени на официјална церемонија која ќе се оддржи на 22 ноември.
“Се надевам дека оваа година ќе има повеќе пријавени кампањи на конкурсот кои ќе ја претстават работата не само на традиционалните, големи агенции и огласувачи на бугарскиот пазар, туку и на новите играчи во индустријата,” додаде Брашнарова.
На последното издание на Effie Бугарија за “Агенција на годината” беше прогласена Saatchi & Saatchi, дел од комуникациската група Publicis One, која освои награди во сите пет категории од натпреварот.