Порталот Маркетинг мрежа распиша конкурс за третото по ред доделување на годишните награди во Србија – KAKTUS 2017. Наградите се доделуваат во 22 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Како и претходните години, KAKTUS 2017 ги наградува само оние идеи кои излегуваат од границите од очигледното и наспроти тешките услови инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.
За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди одлучува стручно жири кое го сочинуваат признати и угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот. Жирито од Србија, на чело со Жарко Вељковиќ, креативен директор на агенцијата Saatchi & Saatchi, оваа година ќе работи во состав: Борислав Милјановиќ, CEO, Represent Communications; Вељко Голубовиќ, регионален креативен директор за Адриатик регион на FCB Afirma; Весна Ќераниќ, Associate Partner, Executive Group; Владимир Ќосиќ, креативен директор на McCann Белград; Владимир Митровиќ, креативен директор на Ovation BBDO; Иван Живковиќ, Managing & Creative Director, Pioniri Communications; Милоје Секулиќ, коосновач и E-PR на Homepage; Небојша Кривокуќа, креативен директор на Communis DDB; Невена Куртовиќ, Managing Director на Fusion Communications и Светлана Ќопиќ, креативен директор на Scholz & Friends.
Регионалното жири оваа година ќе го предводи Душан Дракалски, извршен креативен директор на агенцијата Demner, Merlicek & Bergmann од Австрија. Покрај него, жирито од регионот го сочинуваат и Аљоша Багола, креативен директор на Pristop Словенија, Вања Блуменшајн, креативен директор на Señor Хрватска; Весна Бегановиќ, основач и CEO на Via Media Сараево, Босна и Херцеговина; Давор Руње, основач и креативен директор на Drap Хрватска; Домен Хусу, креативен директор на Yin + Young Словенија; Жарко Димитриоски, креативен директор на Еден на Еден, Македонија; Илинка Црвенковска, креативен директор на Idea Plus Скопје, Македонија; Јелена Фишкуш, коосновач и креативен директор на Studio Sonda Хрватска; Мирка Модриниќ, креативен директор на Imago Ogilvy Хрватска и Тине Лугариќ, креативен директор на Luna\TBWA, Словенија.
“Во изминатата година реализирани се бројни интересни и иновативни кампањи кои сметаме дека се вредни за внимание, како за стручната, така и за пошироката јавност. Конкурсот за KAKTUS наградите е можност да измериме дали се тоа навистина поинакви идеи и идеи кои опстануваат, но и да го оцениме напредокот на професијата. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на трендовите на развој, но и напредизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на поратлот Маркетинг мрежа.
Наградите ќе бидат свечено доделени на третиот национален Фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2017, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград.
Условите на конкурсот, пропозициите и категориите, како и пријавниот формулар и Правилник за работата на жирито, можете да го погледнете на сајтот: www.kaktus.rs.