• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Friday, March 5, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

Отворен првиот центар на стартап заедницата

September 3, 2019
in Во фокусот, Најнови вести, Настани
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Сите што се заинтересирани да започнат свој бизнис од денеска можат да добијат првична поддршка и консултации, како и стручна поддршка од меѓународни експерти во Центарот за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи MKstartups Space што е сместен во поранешните простории на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во Скопје и функционира под водството на Асоцијацијата Стартап Македонија.

Тоа е резултат на денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Стартап Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој со кој е овозможено отворањето на заедничкиот простор во кој ќе функционираат сите стартапи и младите луѓе кои сакаат и размислуваат да отворат сопствен бизнис.

-Сега е вистински подвиг да споиме уште еден важен дел во сложувалката, со цел градење и управување со „дом“ на стартап заедницата, физички простор и претприемачки центар, со што ќе ги споиме сите актери во македонскиот екосистем под еден покрив. Во MKstartups центарот ќе ја продлабочуваме соработката со компаниите која треба во иднина да придонесе до иновативни идеи, размена на знаење, вмрежување, како и аплицирање на активни програми за финансиска поддршка, рече Дејан Алексов, претседател на Стартап Македонија.

р е к л а м а

Тој нагласи дека потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Стартап Македонија и ФИТР е прв чекор за поддршка од државата за стартап заедницата со отстапување на простор за основање на центарот.

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски рече дека со меморандумот се формализира соработката со Старпат Македонија која посоти во последните две години и на тој начин се овозможува отворање на заеднички простор во кој сите стартап компании и сите млади луѓе кои сакаат и размислуваат да отворат сопствен бизнис и да останат во земјава можат да дојдат и да добијата консултации и стручна поддршка од страна на меѓународни експерти и претприемачи кои се носат во земајва со поддршка од Швајцарија.

-Резултат на соработката со Швајцарската Конфедерација и Стартап Македонија се повеќе од 80 стапртап компании кои ФИТР финансиски ги поддржува во изминитве две години за реализација на својот бизнис. Досега во тоа се вложени околу 2,5 милиони евра, рече Деспотовски.

Тој најави дека веќе е побарано од Владата да се прошири годишната програма на ФИТР, а со тоа и буџетот за 2019 година, за реализација на уште еден повик за стартап компании. Најави дека новиот повик за финасирање на стартап компани ќе се реализира до крајот на годинава.

Стефан Томаџан, заменик шефот на Мисијата на Швајцарската амбасада порача дека македонскиот претприемачки екосистем изгледаше многу поинаку пред четири години кога Швајцарија реши да инвестира во него и да го поддржи.

-Имаше само неколку организации за поддршка што нудеа добар сервис, но се уште имаше многу малку донатори и многу лимитирани мерки од институциите за подобрување на претприемништвото. Четири години подоцна можеме да кажеме дека изгледа многу поразлично и сега Северна Македонија е водечка земја во регионот во развојот на екосистемот. За тоа сметам дека голем придонес има Стартап Македонија, рече Томаџан.

Нагласи дека и во иднина ќе продолжи швајцарската поддршка за развој и раст на екосистемот.

Мирјана Македонска, директорката на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем посочи дека УСАИД веќе две години активно работи на зајакнување на стартап заедницата во земјава и додаде дека е доделен грант за развој на дигиталната платформа за дигитализација на стартап заедницата.

-Тоа е со цел комуникацијата помеѓу сите засегнати страни – стартапи и други чинители да биде поинтензивна и поефикасна и сите да ги имаат истите информации во ист момент. Дигитализацијата е мошне важна и со неа Северна Мкедонија станува прва во регионот ако не и пошироко што ќе го дигитализира стартап екосистемот. Но, таа е само еден дел од мозаикот и многу е важо да се има и заедничка канцеларија каде сите чинители ќе може да се среќаваат повремено и да разменуваат искуства, а со тоа и Стартап Македонија да стане вистинска чадор организација која ќе ги обединува сите чинители во стартап заедницата, рече Македонска.

Стартап Македонија веќе пет години активно работи на развојот на екосистемот во земјава со цел да биде конкурентен на глобалниот пазар и преку Швајцарската програма за претприемништво носи странски експерти кои со македонските стартапи споделуваат знаење, експертиза и новитети.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.