Првиот подводен музеј во светот, Музејот на подводна уметност (Museum of Underwater Art – MOUA), беше отворен неодамна за посетителите-нуркачи на Големиот корален гребен покрај брегот на Квинсленд, Австралија.
Музејот е отворен со првата изложба насловена „Корална стаклена градина“ (“Coral Greenhouse”), која претставува 12 метарска скелетна конструкција со 23 скулптури и вкупна тежина од 64 тони.
Изложбата првично била планирана да биде отворена уште во април, но поради пандемијата на корона вирусот отворањето беше одложено за почетокот на август.
Делото е создадено од страна на вајарот Џејсон деКлер Тејлор и се наоѓа скоро 18 метри под вода. Скулптурите кои го красат делото вклучуваат 20 човечки скулптури на млади лица кои го истражуваат и проучуваат Големиот корален гребен, како и 3 скулптури на локалната флора како еукалиптусот и чадоровидната палма.
Структурата е создадена со нерѓосувачки челик и pH-неутрални смеси на цемент кои го поттикнуваат растот на коралите.
„Кога зборуваме за коралните гребени, ние всушност зборуваме за тоа што им оставаме на помладите генерации. Јас сакав да охрабрам поголем број на млади да се вклучат во морските наука и во истражувањето и разбирањето на подводниот свет,“ истакнал авторот Тејлор за CNBC.