Home » Во фокусот » Отворен Скопје постер фестивалот, победата ја однесе Полска

Отворен Скопје постер фестивалот, победата ја однесе Полска

„Хендикепот е мајка на перфекцијата“, Нема ништо поубаво од разликите“, „Тие слушаат, гледаат, зборуваат, но, ние не ги разбираме“…ова се само дел од пораките со кои вчера вечер, во галеријата на МКЦ беше отворен 8-от Скопје постер фестивал, чија тема годинава е „Сите за луѓето со хендикеп“.

Оваа манифестација, која има и натпреварувачки карактер, годинава помина во знакот на полската графичка школа. Апсолутен победник е младата Каја Клешта од Полска, која ги доби двете главни награди со два свои постера.

скопје постер фестивал 1

Нејзиниот сонародник Пјотр Депта ја  доби специјалната награда на ИКОГРАДА, најпрестижната организација за графички дизајн во светот, чиј единствен член од Македонија е Плакарт.

Почесните награди ги добија Бо Јанг од Кина, Ана Јашчук од Полска, Фарзад Саеди од Иран, Дагмара Врона од Полска, Анке Клејн од Македонија, Амир Милс и Флавија Мартинс од Португалија.

Темата очигледно била инспиративна за студентите, чии дела ги гледате овде, бидејќи ова е рекордна година и по бројот на пристигнати постери и по нивниот квалитет. Со оваа изложба, ние се трудиме да ги срушиме бариерите и да укажеме на проблемите со кои се соочуваат хендикепираните не само во Македонија, туку и насекаде низ светот“ изјави Лазе Трипков, претседател на НВО Плакарт, кои се организатори на фестивалот, за време на свеченото отворање.

скопје постер фестивал 2

Претседателот на жири комисијата, Петер Поч, објавувајќи ги победниците, објасни дека годинава се случил преседан, бидејќи жири комисијата, која ги разгледува трудовите анонимно, избрала за првите две места два постера од истиот автор, што е неверојатно дури и во пошироки рамки. Со тоа Каја Клешта и стана апсолутен победник.

Инаку, за прв пат, во 100-те финалисти чии постери се дел од изложбата, се најдоа и петмина Македонци, што е доказ дека графичкиот дизајн во Македонија се движи во нагорна линија.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365