Home » Во фокусот » Отворени пријавите за BalCannes!

Отворени пријавите за BalCannes!

Сите агенции за пазарно комуницирање од регионот се повикани до 1 септември да ги пријават своите проекти на BalCannes, кој и оваа година ќе се одржи во Ровињ во рамките на десеттото издание на Weekend Media Фестивалот.

Оваа година, најдобрите 25 проекти од регионот ќе бидат избрани од најголемо жири до сега, кое е составено дури од 25 претставници на клиенти, агенции и новинари. Бидејќи и на пазарот на сингерија на клиенти, агенции и медиуми се постигнуваат најдобри резултати, овогодинешното жири, на кое за прв пат ќе му се придружат и претставници на агенциите, ќе понуди најквалитетна селекција на проекти на BalCannes до сега.

Најдобрите агенции со себе ќе ја понесат посебна награда – BalCannes лав, а оваа година ќе бидат доделени седум такви награди. Покрај главните награди за најдобра агенција и проект на BalCannes, и посебните награди од жирито на агенции, огласувачи и медиуми, ќе биде доделена и награда и за најдобар проект за регионалниот пазар и најдобар проект за странскиот пазар.

Повеќе информации пронајдете на веб страницата www.balcannes.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365