И официјално се отворени пријавите за овогодинешното издание на фестивалот Eurobest кој ги поставува стандардите за креативна извонредност во Европа.
Оваа година настанот ќе се оддржи од 30 ноември до 2 декември во срцето на Италија – Рим.
Фестивалот повторно носи многу интерактивни работилници, прадавања и семинари, но и свечена церемонија на доделување на награди на која ќе бидат наградени некои од најсјајните европски креативци. Креативците оваа година добија уште две нови категории за натпреварување – Creative Data и Digital Craft.
Финалното жири ќе биде објавено во септември а повеќе за самиот фестивал можете да прочитате на следниов линк www.eurobest.com