Отворени се пријавите за престижното маркетинг натпреварување Global Effie Awards 2016 на кое може да се пријават сите заинтереситани заклучно со 28 јануари 2016 година.
Може да се пријават проекти и кампањи кои се спроведувале во четири или повеќе земји на светот и во два или повеќе региони, наназад три години, и тоа во периодот од 1 септември 2012 до 31 ноември 2015 година, низ дефинираните пет региони : Африка и Блискиот исток, Азија пацифик, Европа, Латинска Америка и Кариби (вклучувајќи го Мексико) и Северна Америка (САД Канада).
Effie Awards ги наградува идеите кои делуваат и постигнуваат реални резултати благодарејќи на смислените стратегии со помош на кои се реализирани.
Повеќе детали на : https://effie.org/award_program/partner/global