Marketing mreža од Србија го распиша конкурсот за 7. национално доделување на годишните награди KAKTUS 2021. Наградите се доделуваат во 24 категории, а ќе ги добијат организациите, компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот, како и до сега, се Агенција на годината, Огласувач на година и Интегрирана кампања на годината – Grand Prix. Како и претходните години, KAKTUS 2021 ќе ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното и покрај тешките услови успеваат да инспирираат и да произведуваат најефикасните комуникации со целните групи. Конкурсот е отворен за пријавување до 20 септември.
Наградите ќе бидат свечено доделени на 7. националн фестивал на интегрираните комуникации – KAKTUS 2021, кој ќе се одржи на 2 и 3 ноември во Белград, Србија, под мотото „Брендови, врвови, трње и студени тушеви“.
За тоа кои ќе ги добијат овогодишните KAKTUS награди ќе одлучува стручно жири составено од признати и угледни профестионалци од компаниите, креативните, ПР и дигитални агенции и продукциски куќи од Србија и регионот: Жирито од Србија оваа година ќе работи во состав: Александар Рушесковиќ, маркетинг директор, Forma Ideale; Ѓорѓе Јанковиќ, управен партнер и креативен директор, Friday; Горан Рушкуц, креативен директор, Communis DDB; Игор Миљковиќ, раководител на продукција, dme.video; Иван Вестервен, креативен директор, Saatchi&Saatchi Belgrade; Љубица Вукчевиќ, раководител за анализа на податоци и увид, Direct Media United Solutions; Марко Свирчевиќ, уметнички директор, Luna\TBWA Belgrade; Милена Ѓориќ Гудуриќ, маркетинг директор, Mastercard; Наташа Шарчевиќ, директор за маркетинг и иновации, Atlantic Štark; Нина Елезовиќ, менаџер за односи со јавноста и комуникации за Србија и Црна Гора, Coca-Cola HBC; Тања Васојевиќ, директор за комуникации, Delta Holding; Веjко Голубовиќ, извршен креативен директор, New Moment New Ideas Company; Владимир Чосиќ, креативен директор, Represent Communications; Владимир Митровиќ, креативен директор, Ovation BBDO; и Здравко Кеврешан, помошник креативен директор, Drive Agency.
Регионалното жири оваа година го сочинуваат: Ана Лозица, креативен директор и прва дама, Švicarska (Хрватска); Ана Марија Малиќ, директор за бренд комуникации, Degordian (Хрватска); Андреј Крајнер, директор за комуникации, NLB Group (Словенија); Барбара Рандиќ, директор за маркетинг комуникации и односи со јавноста за Јадранскиот регион, Renault Nissan (Словенија); Блаж Вук, креативен директор, Pristop (Словенија); Дарко Боснар, креативен директор, Imago Ogilvy (Хрватска); Ирена Шариќ Домбај, директор за корпоративни комуникации, L’oreal (Хрватска); Лука Бајс, извршен креативен директор, Shift Agency (Словенија); Маја Наумовска Савеска, директор за корпоративни и маркетинг комуникации, Halkbank Skopje (Македонија); Марија Јакељиќ, маркетинг директор, Croatia Osiguranje (Хрватска); Матјаж Герм, креативен директор, Agencija 101 (Словенија); Наташа Митровиќ, извршен директор и ко-основач, Konteent Media (Босна и Херцеговина); Тончи Клариќ, ко-основач и креативен директор, Spellcaster (Хрватска); Викторија Радојевиќ Мавриќ, извршен директор за маркетинг и развој, Mercator Group (Словенија) и Звонимир Секи, генерален маркетинг директор, Franck (Хрватска).
Новитет во рамки на овогодинешниот конкурс за наградите KAKTUS 2021 е новата категорија: Employer branding интегрирана кампања. Во оваа категорија ќе се доделува награда за најуспешната интегрирана кампања која придонела за поголема видливост и препознатливост на компанијата како посакуван работодавач кај надворешната или/и внатрешната јавност.
Оваа година за наградите можат да се пријават сите кампањи кои се реализирани или во поголем дел реализирани во периодот помеѓу 1 август 2020 и 1 август 2021 година.
„И покрај многу тешкиот и предизвикувачки изминат период кој го обележа пандемијата на вирусот COVID-19, реализирани се бројни интересни и иновативни кампањи за кои сметаме дека се вредни за внимание, како од стручната, така и од пошироката јавност. Конкурсот за наградите KAKTUS е можност да измериме дали се тие навистина поинакви идеи и оние кои опстојуваат, како и да го оцениме напредокот на професијата. Очекуваме доста добри кампањи кои ќе укажат на трендовите на развој, како и на предизвиците кои ќе ја одредуваат иднината на креативната индустрија во Србија“, истакна Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и генерален извршен директор на Marketing mreža, организатор на фестивалот KAKTUS 2021.
Иформации за условите на конкурсот, пропозициите и категориите, како и формуларот за пријавување и правилникот за работа на жирито, може да се најдат на веб-сајтот www.kaktus.rs.