Фестивалот Golden Drum продолжува да ги поддржува талентираните индивидуалци на нивниот пат кон успешна кариера преку пренесување на знаење и нудење на платформа каде страствените млади креативци под 30 години можат да најдат инспирација, да ги развиваат своите креативни вештини, да добија увид во случувањата во индустријата и да истражуваат предизвици и идеи кои ќе ја реобликуваат (Re:Shape) иднината на индустријата. Обнованиот натпревар Young Drummers ги претставува најновите промени.
За овогодишното издание на натпреварот, фестивалот уште еднаш се здружува со Словенечкото туристичко биро за да ги предизвика младите креативци под 30 години на темата „Словенија, земја на активни одмори“. За прв пат, учесници од целиот свет можат од се пријават на натпреварувањето до 1 септември 2021 година. Цената за учество изнесува 25 евра (без вклучен ДДВ).
Натпреварувањето има за цел да ја подигне свеста за Словенија како зелена дестинација со природни убавини, која нуди уникатни и активни надворешни искуства. Учесниците треба да имаат на ум дека креативните решенија ќе бидат искористени од страна на каналите на Feel Slovenia на социјалните медиуми, таргетирајќи специфични групи. Проектите треба да се пријават како кратко видео или серијал на кратки видеа, што е уште еден новитет за натпреварот.
Авторот на најдоброто видео или серијал на видеа ќе добие награда од 1000 евра и можност да се презентира себе и победничкиот проект на виртуелната сцена за време на фестивалската програма на 13 октомври 2021 година. Наградата ќе биде доделена на онлајн наградната церемонија во живо на 15 октомври 2021.
Претседател на жирито за натпреварот Young Drummers ќе биде Суви Лахде, извршна креативна директорка во “SEK | Part of GREY” од Финска. Таа верува дека создавањето на нешта кои што значат – наоѓање на вистински човечки искуства кои ги поврзуваат луѓето со брендовите и носат заедничка вредност за бизнисите и за луѓето. Во текот на нејзината кариера во креативната индустрија, таа има изградено и развиено брендови како Visit Finland, Finnair и Finnish Lapland, а создавала и стратегии, концепти и кампањи за брендови како Coca-Cola Company, Valio и Paulig, работејќи на домашниот и меѓународниот пазар.
Во жирирањето таа ќе биде придружена од: Александар Доброкотов, креативен директор на DADA Agency од Русија; Ана Савшек, директорка за содржини во оддело за дигителен маркетинг на Словенечкото туристичко биро од Словенија; Серџио Спакавенто, генерален креативен директор и партнер во Conversion E3 од Италија; и Барбара Замрзликар, директор за истражување, развој, иновации и одделот за европски проекти во Словенечкото туристичко биро од Словенија.
Пријавите за Golden Drum се отворени до 13 август
Со обновено натпреварување и нови награди, фестивалот Golden Drum ги поканува креативците од 38 земји да ги пријават своите најдобри креативни проекти до 13 август 2021.
За натпреварот можат да се пријават сите креативни проекти создадени во последните две години. За прв пат, Golden Drum исто така нуди попуст за пријавување на проекти (10+1), како и 50% попуст на котизацијата за учество во категоријата за кампањи поврзани со ковид-19. Исто така, благодарение на партнерството на Golden Drum со Little Black Book, сите добитници на Grand Prix награда ќе бидат внесени во директно, без котизација, во релевантното регионално натпреварување на The Immortal Awards.
Натпреварот на Golden Drum е вклучен како еден од 8-те регионални фестивали во ранкинкот на WARC и Creative 100.
Повеќе информации за натпреварот на Golden Drum можат да се најдат на следниот линк.
Три денови на фестивалска програма за рестартирање на иднината со најдобрите умови во индустријата
Како што излегуваме од пандемијата на ковид-19, време е да се притисне копчето за Re:Start и работењето кон подобра иднина. Но, како да се рестартира иднината? Дали нашите животи ќе се вратат во нормала и како ќе изгледа новото нормално за нашата индустрија?
Најгорките прашања ќе бидат одговорени за време на тридневната виртуелна програма на Golen Drum. Од 13 до 15 октомври 2021, организаторите ве покануваат да слушате, научите и учествувате во бесплатната онлајн програма на Golden Drum, која ќе вклучува меѓународно признати говорници како Мајкл Мојнихан од САД, постар потпретседател за глобален бренд, маркетинг, искуство и партнерство во The LEGO Group; Дамиен Марчи од Франција, постар потпретседател за развој на корпоративни општествена одговорност во Vivendi; Фернандо Мачадо од САД, генерален маркетинг директор на Activision Blizzard; Сејце Радемакер од Холандија, директор за сонично брендрање и нови бизниси во Amp.Amsterdam; Раџа Раџаманар од САД, генерален директор за маркетинг и комуникации и претседател за здравствени бизниси во MasterCard; Ејнат Гуез од Израел, генерална извршна директорка и соосновач на Papaya Global; и Камела Соарес од Австралија, креативен стратег во Facebook Creative Shop за Австралиј и Нов Зеланд.
Што може да се очекува?
- 13 октомври 2021 – Креативен акцелератор со персонализирани неформални, професионални и колегијални едукативни искуства неменети за младите учесници на Young Drummers под 30 години.
- 14 и 15 окромври 2021 – Од нашата индустријата и пошироко – приказни, трендови и совети за сите оние што сакаар да останат креативни.
- 15 октомври 2021 – Наградна церемонија на која ќе бидат претставени најдобрите креативни дела пријавени на 27-то издание на Golden Drum.