Наградите Effie Europe ги отвори пријавите за две нови категории: Marketing & Business Solutions и Best of the Best Europe.
Огласувачите и агенциите ги препознаваат Effie Awards како истакнати награди во индустријата кои ги препознаваат сите форми на маркетинг комуникации кои придонесуваат за успехот на брендот. Во чест на 50-тиот роденден на Effie, Effie Europe претстави посебна категорија на натпреварувањето – Best of the Best Europe – која ќе му оддаде признание на најефективни маркетинг проекти во Европа. За оваа награда може да се пријават сите проекти кои освоиле златни награди Effie во Европа во 2018 година.
Воведена е уште една нова категорија – Marketing & Business Solutions – која ќе ги награди активностите и бизнис идеите кои имаат значително позитивен ефект врз маркетиншкото позиционирање на брендот, производот или услугата. Повеќе информации за оваа категорија можете да најдете тука.
Завршен рок за доставување пријави за категориите Best of the Best Europe и Marketing & Business Solutions е 31. јули 2019 година.