(СВЕТ) – Од вторникот званично се отворени пријавите за Prague International Advertising Festival (PIAF), кој се организира шести пат по ред и ги покрива сите сектори на маркетинг и комуникации, од креирање на бренд, креативни форми на комуникација, па се до промоција и продажба.
Традиционално, жирито на PIAF – не е сочинето само од светските лидери на огласување туку голем дел од него сочинуваат и претставниците на големите компании огласувачи. PIAF наградите, со самото тоа, имаат големо значење бидејќи ги оценуваат самите клиенти.
Претседател на овогодинешното жири е Рамзи Моутран од Ogilvy MEMAC.
За разлика од претходните години, од сега може да се случи определена кампања да освои и Grand Prix награда иако не се натпреварувала во повеќе категории.
Проектите можат да се пријават до 4 арил а фестивалот во чиј склоп се одржува и дводневна конференција, ќе се одржи од 25 до 27 мај.
Повеќе информации можете да прочитате на: http://www.piaf.cz/