Пријавите за IdejаX се отворени за сите дигиталци, дизајнери и продукциски куќи, додека новите категории на натпреварувањето Mixx им дава можност на издавачите да ги презентираат своите кампањи на фестивалот. Најдобрите ќе имаат чест да се натпреваруваат и на престижните натпревари Cannes Lions и Mixx Europe
Овогодишниот фестивал Денови на комуникации ќе се одржи од 28 до 31 март на веќе традиционалната локација, во хотелот Lone во Ровињ. Како и секоја година досега, се повикуваат агенциите да ги пријават своите проекти на престижните натпреварувања IdejаX и Mixx со своите креативни проекти и дигитални кампањи. За проектот кој ќе се покаже најуспешен на IdejаX и ќе освои Гранд при, организаторите ќе ги покријат трошоците за пријавување на натпреварувањето Cannes Lions 2019, додека проектот кој ќе ја добие титулата Best in Show IdejаX својата сила ќе може да ја одмери на натпреварувањето Mixx Europe 2020, чии трошоци исто така ќе ги покријат организаторите.
Националното креативно натпреварување IdejaX ги наградува најоригиналните идеи кои се уникатни и ги преминуваат границите, независно од видот на медимите на кои се реализирани, како и умешноста на создавањето и изведбата, додека од друга страна во рамките на натпреварувањето Mixx се доделуваат награди на најдобрите дигитални кампањи и дигитални алатки/платформи на подрачјето на деловните комуникации.
IdejaX
Media Neutral е назив за група од 11 категории според бизнис категориите во кои делуваат клиентите (храна, алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалаци, трговија и домаќинство, мода, убавина и здравје, туризам, култура и слободно време, телекомуникации, финансиски и осигурителни услуги, социјални акции, корпоративни комуникации и друго) со што се покажува важноста на огласувачите на натпреварот. Овогодишното натпреварување IdejaX ќе биде посебно примамливо за дигиталците, дизајнерите и продукциските куќи – затоа што за нив за прв пат е отворена нова група наречена Craft во која се наградуваат категориите дигитал, филм и дизајн. Пријавените идеи за секоја од категориите во оваа група ќе треба да ја покажат својата умешност за продуцирање на извонредни решенија со помош на иновативни техники и вештини.
На IdejаX можат да конкурираат целосни кампањи, како и поединечни проекти спроведени од 1 јануари 2018 до 4 март 2019 година. Проектите ќе можат да се пријават до 10 март, кој е последен рок за аплицирање. За трите категории од новата група (Craft) квалификацискиот период е подолг и трае дури две години, почнувајќи од 1 јануари 2017.
Mixx
Натпреварувањето Mixx е направено според меѓународна лиценца на IAB, а во негов склоп се доделуваат награди за најдобрите дигитални кампањи и дигитални алатки / платформи во областа на маркетинг комуникациите. Критериумите за оценување вклучуваат креативност, стратегија, изведба и користење на медиумите, како и постигнати резултати. Сите критериуми се подеднакво важни за донесување на конечната оценка и избор на победникот.
Пријавите за ова натпреварување се отворени до 22 февруари 2019 година, а можат да се пријават сите проекти кои се спроведени од 1 јануари 2018 до 1 март 2019. Како што доликува за натпреварување од светски ранг, пристигнатите проекти ги оценува жири кое се состои од професионалци од сите сегменти на дигиталната индустрија – стратегија, креативност, продукција и медиа закуп. Претседател на овогодишното жири е Марко Чрне од Omnicom Media Group Хрватска, додека во жирито ќе има 12 претставници. Mixx оваа година ни донесува една важна новост – воведување нови категории во кои одсега ќе можат да се натпреваруваат издавачи за кои ова е нова прилика да ги претстават своите најдобри проекти на фестивалот Денови на комуникации.
Победниците на двете натпреварувања ќе бидат прогласени на доделувањето на наградите за најдоби агенции и огласувачи во индустријата на националниот фестивал за деловно комуницирање Денови на комуникации во Ровињ од 28 до 31 март 2019 година.
За повеќе информации на фестивалот посетете ја официјалната страница на фестивалот www.danikomunikacija.com.