Home » Во фокусот » Отворени пријавите за “Saraevo Business Bridge Awards 2018”

Отворени пријавите за “Saraevo Business Bridge Awards 2018”

 

Saraevo Business Forum (SBF), водечката инвестициска конференција во Југоисточна Европа, на 25 април ќе ги додели престижните признанија–“Saraevo Business Bridge Awards” на компаниите и поединците кои со својата работа, иновативни идеи и вработување на млади, придонесоа за развој на претприемништвото и инвестициската клима во регионот.

Во зависност од квалитетот на пристигнатите пријави, планирано е наградите да се доделат во шест категории, и тоа: Нов бизнис / Компанија на годината, Бизнис / Компанија на годината, Претприемач на годината, Награда за компанија која вработува млади, Награда за општествено влијание и Иноватор на годината.

Наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија во Парламентот на БиХ во текот на првиот ден одржувањето на 9-тиот Сараевски бизнис-форум, во присуство на светски и регионални политички и бизнис лидери.

Сараевскиот бизнис-форум, како водечка економска платформа во регионот, има за цел да изгради подобра деловна клима во регионот. Нашата мисија е развој на претприемништвото, бидејќи само со поврзување и развој на пазарот, со отворање на нови компании и вработување на млади луѓе, можеме да создадеме позитивни промени во општеството“, изјави Амер Буквиќ, директор на BBI Bank, нагласувајќи дека конкурсот за награди е отворен за компании и поединци од целиот регион кои покажале одлични резултати во бизнисот и чија работа има позитивно влијание на општеството во кое тие работат.

На овој начин, Сараевскиот бизнис-форум дава поддршка за компании и поединци, особено компании кои започнале нов бизнис или вработуваат млади.

Традиционално, веќе деветта година, Сараевскиот бизнис форум го организира BBI Банка во соработка со Islamic Development Bank Group (IDB). Покровител на 9-тиот СБФ е Претседателството на БиХ, со поддршка на Министерството за надворешни работи на БиХ, Советот на министри, влади на ентитетите и кантоните, Комората за надворешна трговија на БиХ и Стопанската комора на Федерацијата на БиХ и Република Српска, како и многу компании во БиХ.

Минатата година овие престижни награди беа доделени на истакнати поединци и компании од регионот. Наградата за социјален придонес на SBF 2017 беше доделена на Фондацијата “Хастор”. MSAN Group доби наградa за вработување на младите во изминатата година. Иноватор на годината во 2017 година е Gorenje Group, а новата фирма за 2017 година е HUB 387. За компанијата од годината стручното жири ja избра HIFA Group.

Пријавите за SBF 2018 наградите се отворени на веб страната: http://sarajevobusinessforum.com/awards

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365