Имате ли извонредна Фејсбук страница, Твитер профил, интересна и корисна мобилна апликација или било каков друг проект во врска со социјалните медиуми или мобилните уреди? “SoMo борец 2014“ Ве очекува ! Пријавите се бесплатни, а можат да се пријават агенции, компании и фриленсери !
“SoMo Борец“ се доделува во склоп на Викенд Медиа Фестивалот во следниве категории: SoMO Face (најдобра Фејсбук страница), SoMustHave (Инстаграм, Твитер, Vine и др. социјални мрежи), CM на годината (community менаџер/менаџерка на годината), SoMo Content (најдобар контент-маркетинг проект), Вирален блокбастер (интернет видео на годината), There’s Not A Problem I Can’t Fix Cause I Can Do It In The Mix (микс од настап на социјални мрежи), Aplikacija s velikim A (најдобра мобилна апликација) и “Одам и гледам“ (мобилен сајт или кампања).
Ружица Врдољак од организацијата на SoMo Борец по повод овогодинешното издание на натпреварувањето изјави: “Иако традиционално најмногу пријави доаѓаат од агенциите и компаниите, оваа година очекуваме и многу пријави од фриленсери. Во мобилниот свет има повеќе од доволно а не недостасуваат ниту на социјалните мрежи. И многу од нив работат одлично. Она што е е исклучително важно да се нагласи е тоа што прјавите за оваа година се бесплатни па ги покануваме сите да не не штедат и да се пријават веднаш ! Имаме одлично регионално жири кое одвај чека да се фрли на работа“
Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов ЛИНК.