Се избираат 25-те најдобри проекти во регионот, од кои на седум ќе им бидат доделени специјални награди на BalCannes – блескави лавови. Најуспешната агенција ќе добие посебен лав кој го знае патот до Cannes Lions.
Повторно, имате единствена можност да ја презентирате вашата работа пред клиентите од целиот регион – од 1 јуни до 1 септември 2019 година, отворени се пријавите за BalCannes! Веќе осма година, оваа ревија на проекти за деловни комуникациски ги спојува оригиналноста на креативната идеја, квалитетот на нејзината примена и пазарната релевантност и според овие критериуми се избираат 25 најквалитетни регионални проекти.
Меѓу нив се избираат седум лавови кои ги покориле законите на комуникациската џунгла и на тој начин заслужиле блескави лавски признанија во следните категории:
- Најдобра BalCannes агенција
- Најдобар BalCannes проект
- Посебна награда од жири-клиенти
- Посебна награда од жири-агенции
- Посебна награда од жири-новинари
- Најдобар проект за странски пазарр
- Најдобар регионален проект
На добитникот на наградата за најдобра агенција на BalCannes, организаторот на BalCannes ќе ги покрие трошоците за пријавување на еден проект за натпреварот Cannes Lions 2020 година!
За изборот на најдобрите ќе одлучува жири составено од регионални претставници на клиенти, агенции и медиуми, а жирирањето ќе се одржи во Сараево. Само синергијата на овие три перспективи на пазарот постигнуваат најдобри резултати, а BalCannes е единственото натпреварување каде што можете да дознаете од прва рака како за вашите проекти размислува секое од трите состави на жирито одделно.
Мали проекти или големи кампањи; домашните проекти, но и оние за странските пазари – сè додека клиентите ги одобриле, а се реализирани во периодот од 1 мај 2018 до 1 септември 2019 година, сè се брои. Мајчин или англиски јазик, со или без превод – сè може!
Подгответе ги вашите проекти за сцената на Викенд Медиа Фестивал бидејќи освен тоа што на самото место презентациите на проектите ќе ги следи многубројна публика, успесите на првите 25 проекти од списанието ќе бидат прикажани и на Yellow Pages страниците на BalCannes. А за вечна слава и пофалба ќе биде заслужено новото издание на Креативното портфолио, каде што исто така ќе бидат презентирани 25-те најдобри.
Постојат и посебни опции 4 + 1 гратис и 7 + 3 гратис: Ако пријавите четири проекти, петтиот можете да го регистрирате бесплатно, а ако бидете особено вредни и подготвите седум, уште три ќе можете да ги пријавите бесплатно. Учесниците на BalCannes, добиваат и специјален попуст за котизација за учество на Weekend Media Festival.
За сите информации, посетете ја www.balcannes.com.