За да го одбележи лансирањето на својот нов електричен модел EV9 на европскиот пазар, KIA се послужи со метафоричен спот за да покаже како најновиот SUV на брендот ќе отвори свет на можности за начинот на кој се движиме.
Кампањата “Open a World of Possibilities” („Отвори свет на можности“) следи брачен пар кој бега од границите на својата гаража туркајќи ги нејзините ѕидови за да открие широко отворено и магично пространство што само чека да се истражи – метафора за тоа како технологијата и смелиот дизајн на EV9 се развиени за да нè ослободат од секојдневнието.
„Сакавме да создадеме кампања која е впечатлива, незаборавна и единствена како и самиот KIA EV9. Нашата постојана мисија е да ја позиционираме KIA како технолошки бренд. Бренд кој работи неуморно за да остане пред конкуренцијата и да создава иновативни производи и услуги кои отвораат нови можности за потрошувачите, а за возврат ја ослободуваат нивната мобилност. Горд сум што можам да кажам дека, преку сите содржини во рамки на оваа кампања, не ја пропуштивме таа можност“ – објаснува Габриел Матар, европски генерален креативен директор на агенциската мрежа Innocean Worldwide.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Innocean Berlin и продукциската компанија Tony Petersen Film, во соработка со MJZ.