Ирскиот бренд на кремаст ликер Baileys ја лансираше својата нова Божиќна кампања насловена “Tis the Season for a Festive Choctail” („Ова е сезоната за празничен чоко-тел“).
Главна ѕвезда на кампањата е англиската актерка и добитничка на Еми, Хана Вадингам, која раководи со Божиќен хор. Кога хорот одлучува да направи кратка пауза, Вадингам ги насочува членовите да ѝ помогнат во подготовката на празничен чоколаден коктел („Choctail“) чија главна состојка е токму кремастиот ликер на Baileys.
Според брендот, кампањата „ги доловува празничните традиции и радоста кога се препуштаме на ужувањето за време на празничната сезона.“
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција VML.