Колку често ви се случува на прашањето ‘’Како си’’, одговорoт да Ви е ‘’зафатен(а) сум’’.
Кога го кажувате тоа на глас и во исто време се пронајдете себе си како го проверувате својот мобилен телефон или пак лаптоп без да обрнувате комплетно внимание на било што на почеток може да наликува сосема безопасно. Но дали е?
Вашето чувство на преоптовареност не е единствено
Нагласувањето на причините поради кои сте постојано зафатени и “во гужви“ можеби го користите како нешто за кое се гордеете. Дури и полошо, преголемиот број на активности и чувството на зафатеност може да ги саботажира вашата кариера и врски, тврдат експертите.
Вие не сте единствените кои се чувствуваат преоптоварено со обврски.
Во истражување во кое учествувале 9,700 вработени лица со полно работно време, во 8 држави кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година, околу половина од менаџерите изјавиле дека нивните работни часови се зголемиле нагло во последните 5 години.
Еден од тројца вработени изјавил дека станува се потешко да се пронајде балансот помеѓу работата и кариерата. Итражување спроведено од EY каде нагласок се ставил на несигурноста на работата дошло до податоци дека работењето низ различни временски зони и постојаната дигитална конекција се причините за преголемиот број на работни обврски.
”Да се биде зафатен многу се глорифицира, но не е нешто што секо сака да го чуе и може да влијае лошо врз вашата кариера.” (Извор: Alamy)
Не сте толку зафатени колку што сметате дека сте
“Работев во повеќе средини каде зафатеноста беше величана,” објаснува стратегистот за човекови ресурси и консултант воедно, Ed Baldwin, кој работи во ова поле 25 години.
‘’Вработените гледаат дека лидерството е динамично и со обврски па доколку имаат аспирации и амбиции да го достигнат тоа ниво, тие сакаат да изгледаат зафатено.”
Станува генерална заблуда дека изгледот на зафатеност сигнализира дека сте вредни како работници
Можеби изгледа како паметен чекор, после се окружувањето алудира да се облекуваме за работата кон која целиме, и да се однесуваме на начин на кој луѓето во посакуваната бранша се однесуваат. Но да се биде зафатен е исклучок од овој тип на размислување. Наместо да оставиме позитивен впечаток, во работната околина може да гледаат на нас како на не ефикасен кадар, објаснува Baldwin.
Генерална заблуда е дека доколку се однесувате како да сте зафатени – дури и да не сте реално зафатени- тоа е сигнал дека сте вредни, без разлика дали тоа се однесува на вашиот шеф, вашите колеги, семејството или пак пријателите. Постоеше време кога ваквата перцепција беше вистинита- откако не стана одговор кој се дава секојдневно без посебно размислување по default.
Она што луѓето го слушаат откако ќе м кажете дека сте зафатени е многу поразлично од она што го очекувате како реален фидбек на ваквиот одговор. Изгледа како да сакате да ве оценуваат другите по тоа колку повеќе изгледате зафатено –толку и да сте продуктивни, објаснува Ed Baldwin, стратегист и консултант. Вистинсската порака која ја испраќате е ‘’Добар сум при правешетона приоритети во моето време, и во овој момент ти не си дел од моите приоритети.’’
Бизнисот и недостатокот на слободно веме стануваат статус симболи
Бизнисот и недостатокот на слободно време стануваат статусен симбол, кажува Silvia Bellezza, асистент професор по маркетинг на Columbia Business School во New York City, ко ко-автор на истражувачкиот труд ‘’ Conspicuous Consumption of Time.’’
Во минатото, се до 1960тите, објаснува Bellezza, животниот стил каде слободното време беше приоритет беше знак на богатство и успех, но денес тоа е обратно.
Во структуиран пазар на труд каде ‘’ловците на глави’’ ги одбираат најдобрите кандидати – луѓето кои се зафатени се перципираат како лица со добри карактеристики кои се потребни за динамичниот пазар.
Во Италија во Јуни…доколку кажете дека работите цело лето луѓето околу вас ќе ве сметаат за губитник
“Комуницираме постојано во светски рамки дека човечкиот капитал како ресурс е ограничен.’’
Социјалните медиуми се преплавени со славни личности кои постојано прават тури, концерти и имаат безброј активности а малку време за приватен живот. Иако носењето на скап рачен часовник или накит со дијаманти според традиционалните норми претставуваше симбол за статус, новиот начин за да прикажете колку ‘’тежите вие и вашиот бизнис’’ е да го прикажете вашиот бизнис и да се фалите со него.
Овој пристап секако варира во различни региони во светот но особено е доминантен во САД.
Работата е во централен фокус на Американскиот идентитет. Во Европа тоа не е случај.
На пример во Италија во Јуни, секој зборува за тоа што ќе прави во текот на летото. Доколку кажете дека ќе работите цело лето, луѓето околу вас ќе ве сметаат за губитник кој нема доволно пари за да патува или пак дека е недоволно интересен како човек.
Лицата кои кажуваат дека се зафатени постојано си даваат себе си потврда за својата работа во согласност со новото истражување на J. Christine Kim, асистент професор по маркетинг на Hong Kong University of Science and Technology во Kowloon, Hong Kong. “Кога луѓето кажуваат дека се зафатени тоа им дава чувство дека нивниот живот е важен и дека нивното присуство е важно за луѓето околу нив,’’ објаснува Kim.
Голем дел од тоа што луѓето тврдат дека се зафатени е чувството на жртва и стоицизам. Сакаат да бидат слушнати
Овој пристап маскира нешто за кое многумина од нас не сакаат и реално да размислуваат, ниту пак да признат. “Дел од ова е жртвувањето, а дел стоицизмот. Сакаме да бидеме слушнати’’, кажува бизнис психологот Tony Crabbe, европски консултант за компании како Microsoft, Disney и HSBC и автор на книгата ‘’ Busy’’. “Некаде подлабоко постои признавањето дека се разочаруваме себе си и ги разочаруваме луѓето околу себе поради непрекинатото работење, ова не е продуктивно ниту пак ни е од помош.’’
Интерпретација
Laura Simms, специјалист за ризик и безбедност од Detroit, има неколку совети во делот на интерпретација. “ Станувам многу иритирана кога ќе го слушнам зборот ‘’зафатен(а). Тој е сосема безначаен.’’
“Подобро да чујам дека некој ми каже, во моментот правам нарачка од $100,000 , ќе ми биде мило доколку се чуеме во 16 часот. ‘’Зафатен’’ сум, ја одбива другата личност и не и дава можност да биде дел од листата на приоритети.’’
Доколку му кажувате на некој дека сте зафатени, тоа нема да ја подобри вашата кариера
Во реално време, има многу задачи кои треба да ги завршиме во текот на работниот ден, особено додека тоа го гледаат нашите шефови. Но работењето, односно зафатеноста се решава со комуникација и ставање на приоритетни активности. Со каков тип на комуникација можете да им дадете до знаење на другите дека имате динамично секојдневие и дека работите повеќе активности одеднаш?
Simms додава, “Јас ќе речам: ‘Дали може прво да завршам со овие активности или да ти помогнам околу тоа?’’
На овој начин го форсирате прашањето за приоритет на личноста која ве прашува во кој дел од вашите активности може да биде вклучена. Во повеќето случаи ќе ви кажат дека добро е да ја завршите својата работа, а подоцна да разговарате околу нивната предлог- задача.
Следниот пат кога некој ќе ве запраша што правите, направете кратка пауза пред да го одговорите истото. Наместо тоа искористете го прашањето за да бидете креативни.
Кажете дека работите на нешто, дека сте возбудени околу нештата во кои сте вклучени и следат и слично.
Доколку им кажувате во целост на луѓето околу вас колку сте зафатени нема во ниту еден случај да ја направи подобра и призната вашата кариера или пак да ве направи посреќни ниту вам, ниту вашите соработници.’’