Кампањата на креативното студио Halal за брендот Lynk&Co е спротивност од клишето за рекламите за автомобили
Креативното студио Halal, со седиште во Амстердам, создаде нова кампања наречена „Ова не е автомобил“, за брендот Lynk&Co. Со новата кампања, која ја снимаа и фотографираа жени, Lynk&Co и Halal го поставуваат прашањето: „Кога автомобилот не е автомобил?“
Кампањата се обидува да го побие тврдењето дека „ова не е автомобил“ со она што е очигледно… со автомобил. Идејата е гледачите да се прашаат: „Ако не е автомобил, тогаш што е?“ Се нудат многу различни одговори, што покажува дека брендот Lynk&Co е многу повеќе од само добар автомобил.
Па, кога автомобилот не е автомобил?
„Тогаш, кога е многу повеќе од тоа“, вели Робин ван дер Каа, извршен креативен директор во „Lynk&Co.“
Lynk&Co поставуваат предизвик во автомобилската индустрија, нудејќи им мобилност „според ваши услови“, нов начин за поседување, користење и споделување автомобили. Без разлика дали станува збор за месечно членство или директно купување на некој од иновативните модели, сега никој не треба да дозволи нивниот автомобил да собира прашина и да зафаќа простор. Може да го споделите со пријателите, семејството или соседите во само неколку чекори. Исто како пица.
Кампањата беше лансирана на дигиталните канали, а се состои од спот кој го креираше и продуцираше Halal studio, а во режија на Каролин Конинг, позната по последната кампања на Најк „New girl“.
Робин ван дер Каа додаде: „Со оваа кампања, ние сами си поставивме предизвик со прашањето:„Кога автомобилот не е автомобил?“ Нашата идеја и концепт се радикално различни од сè што сме правеле во автомобилската индустрија порано, па затоа имаше смисла да креираме кампања која е модерна и во согласност со реалниот живот. Со други зборови, антитеза на традиционалното рекламирање на автомобили. Среќни сме што соработувавме со извонредни креативци кои ја оживеаја оваа кампања и сме многу возбудени што ќе ја споделиме со светот нашата визија за иднината на мобилноста “.
Lynk&Co моментално е достапен во Германија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, Италија и Белгија.