За хуманитарната организација Refuge, кампањата ги креираше агенцијата McCann Бристол
Хуманитарната организација Refuge и McCann Бристол започнаа моќна, поетска кампања за Божиќ, која ја зголемува свеста за насилството во семејството.
Секоја реклама содржи песна што открива идилична слика за семејната атмосфера за време на Божиќ, но ако стиховите ги прочитате одоздола нагоре, ќе ја откријат ужасната вистина на оние што живеат со семејно насилство.
Во рекламите оваа организација повикува: „If your partner turns on you, turn to us“ (Ако вашиот партнер се сврти против вас, обратете се кај нас).
McCann Бристол ја изработи кампањата про боно, а ќе биде прикажана преку печат, радио, постери и социјални медиуми, а наскоро ќе биде лансирана и верзија за ТВ и кино.
Кампањата беше создадена од Зане Редклиф и Кен Сара, додека медиумскиот закуп го водеше Universal McCann. Стив Ривс ја режираше рекламата за кино и телевизија, а ја продуцирше продукциската куќа House Another Film Company. Актерката Максин Пике работеше на нарација за аудио-верзијата на поемите.