Сите сакаме кутија со чоколади за Денот на вљубените, но чоколадите од новата кампања на One Love Foundation имаат малку горчлив вкус. Но, има причина.
Специјалната кутија со чоколади, која е осмислена и дизајнирана од агенцијата TBWA\Chiat\Day Њујорк, содржи осум различни вкусови кои сигурно ќе предивикаат дискусија за позитивните и негативните искуства во врските.
Различните вкусови претставуваат четири добри и четири лоши видови на однесување во врските: Почит, Искреност, Еднаквост, Независност, Саботажа, Опсесија, Изолација и Манипулација. На пример, „Почит“ претставува јако темно чоколадо декорирано со златен шафран, додека пак „Манипулација“ е чоколадо исполнето со тврда и леплива карамела која многу тешко се џвака и голта.
Кутијата доаѓа и со специјална брошура која ги објаснува вкусовите, соодветните видови на однесување и ефектите кои ги имаат врз врската.