Амазон обајви интересен божиќен спот во Велика Британија, во кој нивните насмеани картонски кутии патуваат низ целиот свет и патем задоволно пејат.
Во рекламата која ја изработи агенцијата Lucky Generals, логото на Амазон на кутиите се претвара во симпатична анимирана уста која ја пее песната „Give a Little Bit“ од Supertramp, додека весело се движат на патот од складиштето, преку целиот свет, до својата крајна дестинација.
Подлогата за целата реклама е едноставна и слатка приказна за една жена која во автобус купува подарок од божиќната понуда на Амазон за едно малечко девојче. Спотот го режираше Ник Гордон од Somesuch.