Еден брз преглед на Инстаграм во кој било ден ќе ве доведе до заклучокот дека всушност и не се случува многу во вашиот живот. На пример, дали го поминавте вашиот викенд во летни прошетки низ рурална Италија или присуствувавте на некоја елитна забава во Њујорк?
Како што сите занеме, реалноста е малку поразлична од она што го прикажуваат социјалните медиуми. Кога просечниот припадник на работничката класа ќе се врати дома после долг и напоред ден на менаџирање туѓи проблеми, тој или таа не би сакале ништо повеќе, отколку да се „стопи“ во удобен кауч да избегне секакви непотребни движења остатокот од вечерта.
Како инаку би се објаснил се’ поголемиот раст на Netflix? :)
Ова е приказната која доведе до првата поголема бренд кампања за Burrows, американска стартап компанија за легла која ја размрда индустријата за мебел. Заедно со агенцискиот партнер Red Antler од Њујорк, тие ја создадоа интегрираната кампања „Good for Nothing“ („Добри за ништо“).
Рекламите во кампањата ги драматизираат начините на кои еден човек може да прави апсолутно ништо, а единствената константа е удобниот кауч.
Покрај овој спот, следуваа уште три други кои појаснуваат дека секогаш имa место и за придружба…
…а понекогаш и драматичност.
Рекламите ќе се емитуваат на национално ниво во САД, а ќе бидат пропратени и со дигитални, принт и outdoor напори.
„Нам ни стана јасно дека никоја друга компанија за мебел не е сериозна кога се во прашање комфорот и слободното време. Burrow е многу сериозна и за двете работи, како и нашите потрошувачи. Кампањата „Good for Nothing“ е славење на одморот“, изјави генералниот извршен директор на компанијата Стефан Кул.