Во пресрет на Ноќта на вештерките, познатиот музички артист Ози Озборн е најновиот пример на позната личност која лансираше сопствена колекција на козметика.
Козметичката колекција на популарниот „Принц на темнината“ е создадена во соработка со компанијата Rock and Roll Beauty и влече инспирирација од повеќедеценискиот готички имиџ и хеви метал музика на познатиот пејач.
Колекцијата се состои од 21 парчиња, вклучувајќи палети со разни нијанси на сенка за очи во форма на мртовечки ковчег и лилјак, потоа хајлајтер, кармин, привремени тетоважи, огледало и разни четки. Различните парчиња и разните нијанси на боја се именувани според познати песни од кариерата на Ози, како “Iron Man”, “Bark at the Moon” и “Zombie Stomp”.
Покрај козметичките производи, дел од колекцијата се и неколку видови на миризливи свеќи. Така, “Midnight Woods” е топла мешавина од лаванда и цитрус измешана со темна слива и килибар, “Mulled Cider” содржи ноти од јаболко и кафеав шеќер, а “Fireside” меша различни растенија како смирна и јасмин.
View this post on Instagram