Вредноста на акциите на брендот за спортска опрема Најк падна за околу 1%, еквивалентно на 1.12 милијарди долари од вредноста на брендот, после кошаркарскиот натпревар од американската универзитетска лига помеѓу екипите на Duke и UNC. Имено, ѕвездата на Duke University и еден од „најжешките“ потенцијали за НБА лигата, Зајон Вилиајмсон, се повреди на самиот почеток од натпреварот кога неговите патики, модел Nike PG 2.5, се одлепија.
Брендот веднаш објави соопштение во кое на играчот му посакуваат брзо заздравување, истакнувајќи дека се работи за „изолиран случај“ кој детално ќе го испитаат бидејќи квалитетот на нивните производи е од највисока важност.
После инцидентот, Најк „трендираше“ на Твитер, здобивајќи се со доста лош публицитет, а кон критиките се придружи и конкуренцијата. Пума твитна дека повредата не би се случила доколку играчот носел нивни патики, но твитот беше набрзо избришан.
Puma has deleted their tweet. pic.twitter.com/7pPitJ20zP
— Darren Rovell (@darrenrovell) February 21, 2019