(РЕГИОН) – Хрватското здружение за деловни комуникации (HURA)ги објави податоците за инвестициите во закупот на медиски простор за 2013 година.
Иако падот на вложувањата и понатаму продолжува, во 2013-тата тој тренд е ублажен, така што вкупно потрошениот волумен на закупот на огласен простор во медиумите во 2013 е помал за 7% во однос на 2012.
Како и претходните години, најголемиот дел од вкупниот медискиот буџет, околу 685 милиони куни (тоа се околу 90 милиони евра) се насочени кон ТВ огласувањето, што претставува речиси 50% од целиот огласувачки колач во медиумите.
Мал пад е забележан во надворешното огласување, каде волуменот е помал за речиси 656 000 евра во однос на претходната година.
Најголем пад доживеа радио рекламирањето (23%), додека пак принтот забележа пад од 14%.
Во 2013-тата продолжил трендот на зголемување на буџетите за online огласување при што е забележан раст од дури 19% во однос на 2012 г.
Од потрешените речиси 14 милиони евра (107 милиони куни) најголем дел е вложено во display огласи, search и социјални медиуми.
Вкупниот пазар на медиски закуп во хрватска се проценува на 182 милиони евра.
Во 2013 најголем раст во инвестициите во закупот на медиски простор е остварен во секторот трговија, додека значителен пад е забележан во производите за широка потрошувачка, храна и автомобилската индустрија.