Технолошкиот гигант Samsung објави нова реклама за германскиот пазар, насловена „Пајакот и прозорецот“.
Во спотот се раскажува приказната за еден многуок пајак кој, секојдневно гледајќи низ прозорецот во билборд на Samsung, се заљубува во „многуокиот“ паметен телефон т.е. со многу камери.
На еден емотивен, а помалку и комичен начин, ги гледаме љубовните страдања на пајакот кој копнее кон љубениот телефон. Но, евентуално, телефонот доаѓа до него, преку неговиот сопственик.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Groupe.