Деновиве на македонските телевизии имаме можност да ја гледаме најновата реклама на ОНЕ за SMART M Plus, последната промотивна понуда во мобилен постпејд. Неколку дена по лансирањето, коментарите не стивнуваат. Станува збор за едно поинакво видео, уникатен рекламен спот кој никого не остава рамнодушен.
Спакуван во 1:21 секунда во својата основна верзија, рекламниот спот на прв поглед наликува на трејлер за холивудски трилер, но кога ќе ги забележите познатите македонски глумци, Ана Стојановска, Атанас Атанасовски и Крсто Јовановски, скопските локации и репликите на македонски јазик, Ви станува јасно дека видеото е снимено дома, но продукциски направено според светски стандарди.
Во многуте реклами кои секојдневно ги гледаме на телевизиите, рекламата на ОНЕ е вистинско освежување и претставува пример за тоа како, од идеја до реализација, треба да изгледа еден маркетиншки продукт.
Ако целта на еден рекламен спот е да го продава производот за кој е наменет, новиот спот на ОНЕ дефинитивно треба да го оправда тоа.
Рекламата е режирана од Ѓорче Ставрески и изработена во соработка со маркетинг агенцијата Њу Момент Њу Идеас Скопје.