Компанијата за безалкохолни пијалаци и грицки PepsiCo ја лансираше својата нова Божиќна реклама, насловена “Melt For You” („Се топам за тебе“), како дел од бренд платформата „Share More Joy“ („Сподели повеќе радост“).
Премисата на рекламата е дека група на млади пријатели се сместиле во удобна колиба за да ги прослават празниците, носејќи ги со себе сите омилени пијалаци и грицки од брендовите PepsiCo и Frito-Lay. Меѓутоа, група на палави снешковици планираат да им приредат изненадување и да ги земат вкусните производи за себе.
„Нашата основна мисија е да создадеме повеќе насмевки. Празниците се време за зближување на саканите и пријателите, а пијалоците и грицките на PepsiCo се совршено дополнување за празничните прослави“ – истакнува потпретседателот за маркетинг на компанијата, Ајдан Кингерли, во соопштението за јавноста по повод лансирањето на кампањата.
Рекламата е режирана од страна на Еми-наградениот режисер Роберт Стромберг.