Британската технолошка компанија за производство на паметни уреди за женски потреби Elvie лансираше глобална кампања со која ја слави неверојатната биолошка комплексност на женските тела.
Во центарот на кампања насловена “Smart tech for smart bodies” („Паметна технологија за паметни тела“) се наоѓа забавен видео спот кој нагласува дека женските тела не се фрагилни и збунувачки – туку паметни.
Ѕвезда на спотот и воопшто кампањата е пејачката и раперка Ева Лазарус, која изведува песна специјално создадена за кампањата на Elvie.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција Mother.