Home » Во фокусот » P&G додаде тактилни маркери во дизајнот на своите производи со цел да ги направи подостапни за слепите лица

P&G додаде тактилни маркери во дизајнот на своите производи со цел да ги направи подостапни за слепите лица

Напорите на компанијата Procter & Gamble за поголема инклузивност преминаа и во дизајнот на производите, со додавање на мали тактилни маркери, преку кои потрошувачите со нарушен вид ќе можат да ги распознаваат шампоните и регенераторите за коса од брендот Herbal Essences’.

Почнувајќи од јануари 2019 година, шишињата од шапмонот Herbal Essences’ Bio Renew на дното ќе имаат четири вдлабнати линии, додека пак шишињата на регенераторите за коса ќе имаат осум мали точки. Промената е навидум мала, но ќе им помогне на оние со нарушен вид лесно да ги распознаваат производите.

Оваа иновација беше предводена од специјалниот консултант за инклузивен дизајн на P&G Сем Латиф, која и самата е слепа. Таа објасни дека компанијата се одлучи да не користи Брајово писмо бидејќи многу луѓе со оштетен вид немале можност да го научат.

„За некој како мене, независноста и самодовербата доаѓаат кога светот наоколу е лесно пристапен“, изјави Латиф. „Во бањата, распозавањето што е шампон, а што регенератор може да биде предизвик. Тоа е една мала работа, но ние секој ден трошиме време на стотици такви мали работи. Иако нашето решение може да звучи релативно едноставно, ние произведуваме стотици шишиња секоја минута, што значи дека менувањето на процесот на производство е доста комплициран кога се во прашање такви количини.“

Лин Хикс, бренд менаџер за Herbal Essences’ во Северна Америка објасни дека верува и во цврста бизнис основа позади имплементацијата на оваа промена во дизајнот на шишињата, укажувајќи дека таа ќе биде корисна, покрај за луѓето со оштетен вид, така и за старите лица и децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365